Метеоролошките услови неделава неповолни за расчистување на воздухот во Скопје
Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека метеоролошките услови во Скопје до крајот на неделата ќе останат неповолни за да имаат влијание врз подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, промени може да се очекуваат од средината на наредната недела.
За потсетување, последните мерења за квалитетот на воздухот во Скојпје покажуваат високи вредности над 180 микрограми на метар кубен во Лисиче, а високи во другите делови на Скопје.
16.12.2013 - 11:10
Фото:
Кајгана
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа