Како настануваат дупките без дно?

 
Можеби сте слушнале за веста како: џиновска отворена дупка на пат проголта автомобил кој се најде на погрешно место во момент кога земјата се отворила без предупредување.
 
Или можеби сте биле на летување во Мексико и сте виделе прекрасни јами или базени исполнети со вода, опкружени со градини. Двете геолошки одлики претставуваат т.н. дупки без дно или бездни, форамции кои не се обични дупки во земјата. Иако многу од нив се помали од 30 метри длабочина, бездните можат да изгледаат како езерца, да покријат стотици километри или да стојат дискретно во вашиот двор.
 
Бездните имаат голема количина на вода, а најчесто се формираат поради ерозија која ја создава токму таа вода. Повеќе бездни се јавуваат во делови каде темелот на земјиштето е составен од меки минерали и карпи како сол, гипс, варовник, доломити или други кои припаѓаат на евапорати или карбонати на некои видови на карпи.
 
Бездните обично се развиваат полека како што се разградува темелот од водата која станала кисела поради впивање на јаглен-двооксид и интеракција со растенијата. Дождовницата очигледно има голема улога во овој процес, но и подземните води се важни.
 
Како киселата вода ја нагризува карпата, таа ги продлабочува каналите или подземните канали каде поминува вода. Потоа тие канали формираат подземни басени познати како област за дополнување. Областите за дополнување придонесуваат за создавање на бездни така што водата која се влива и излива од нив во површинскиот дел на тлото и го нагризува темелот. Кога тука ќе се поплави бездната која се создава, деловите од горното тло и други материјали можат да се заглават во каналите, со што ја заробуваат водата и спречуваат да истече.
 
Недостигот на вода исто така може да придонесе за создавање на бездни. Во некои подземни шуплини водата всушност ја држи тенок слој на земја над неа. Кога нивото на водата ќе падне, слојот на земјата над неа нема ништо што би му пружило поддршка и се руши.
 
Бездните се јавуваат долж цели Соединети Американски Држави. Флорида,  која е прекриена со мочуришен терен и чести дождови, многу често се поврзува со бездните, но исто така чести се и во Алабама, Кентаки, Мисури, Пенсилванија, Тенеси и Тексас. Тие често се формираат во карстни региони, тип на земјиште познато по меки темели. Геолошката служба на САД го опишува карстното земјиште со многу водени елементи, како извори, подземни текови, пештери и секако бездни.
 
Природни бездни
 
Бездните делуваат морничаво кога ќе погледнете во нив, но главните настани се случуваат под површината. Главно влијание на изгледот на бездните имаат празнините, пукнатините, шуплините и напукнати места кои лежат под јаловина, или тло над темелот. Како што се развиваат пукнатините, се шират и спојуваат, јаловината почнува да ги пополнува празнините. Бездната која ја наведовме во текстот како дупка без дно која голта автомобили, се формирала поради тоа што јаловината повеќе не била доволно стабилна да се држи.
 
Овој чест тип на бездни е познат како слом или слом на покривката. Иако ваквите бездни можат да се јават ненадејно, ерозијата која ги создава се одвивала со недели или со години под земјата, далеку од погледите. Затоа, одиме во подземјето.
 
Горниот слој на бездните, настанати со слом на прекривката, најчесто е мека јаловина, сочинета од тло кое содржи големи количини на глина. Со време, под тоа тло се формираат мали пештери. Седиментите ја користат можноста за освојување на нов дел од земјиштето и почнуваат да се нансеуваат во пештери во процес познат како цепење. Како што продолжува цепењето, подземните пештери се полнат со наноси, празнејќи го просторот под јаловината. Со време, јаловината станува толку тенка што ненадејно се руши доле во пештерата создавајќи бездна. Во некои случаи, покривачот може да ја издржи сопствената тежина, но се урива од дополнителна тежина на беспомошно лице или автомобил кој ќе помине преку него.
 
Кај бездните кои настануваат со слегнување на покривачот, водата продира низ меката јаловина. Пример од овој тип на земјиште е јаловина сочинета од 30 метри песок со мала количина на глина под неа, прекриена со мек варовник. Како што се разградува варовникот, тој остава шуплини во кои влегува јаловината над него, создавајќи формации налик на чинии во Земјата. Овие бездни, често големи само неколку стапки, помали се од многу други типови затоа што кога ќе достигнат одредена големина, песокот и седиментите влегуваат во дупката. Таквото полнење на седиментите може да го спречи истекувањето на водата, така што ги блокира пукнатините и премините кои ја спојуваат бездната со подземните канали. Многу вакви бездни подоцна стануваат езерца, бидејќи водата нема каде да оди. Тие исто така не произведуваат спектакуларни дупки, кои се врзуваат за бездни настанати со слом на покривачот.
 
Бездна настаната со растворање всушност е длабоко потиснување во земјата. Ваквите бездни често имаат тенок слој на јаловина (ако го имаат), која се раствора или еродира. Така сложената карпа потоа прогресивно се раствора во допир со кисела вода. Оголениот дел се длаби, формирајќи плиток басен. Водата често формира базен на површината на бездната настаната со растворање, придонесувајќи за ерозија на карпата на дното. Исто така, како и кај другите типови на бездни, предмети и други материјали можат да се заглават во пукнатините каде водата истекува нормално. За разлика од бездните кои настануваат со слегнување на покривачот, не постои јаловина или седиментен покривач кој би се цепел во бездната и би покрил еродирана карпа.
 
Бездни предизвикани од човечки активности
 
Во урбана средина посебно, бездните можат да настанат од човечка активност. Во некои случаи, бездните се јавуваат како резултат на комбинација на индустриска активност или развој на мек варовнички терен или на помалку од 61 метар јаловина. Следните човечки активности исто така можат да предизвикаат бездни: 
- бушење и вибрации
- рударство
- промена во тежината
- голема количина на сообраќај
- зголемена количина на доток на вода, создавање на езера со пукање на цевки и др. 
Бездните можат да настанат на места каде водата тече константно, како тие за одлив на дождовница или кога изворите на вода се пренасочуваат или се пресекуваат, а посебно со испумпување на подземните води. Напукната цевка може да придонесе за содзавање на бездна со поплавување или слабеење на тлото, но исто така може да пружи дополнителен простор за земјата и карпите кои се наоѓаат околу цевката. Откако ќе влезе доволно материјал во цевката и се транспортира далеку, околната земја станува дестабилизирана, што придонесува за создавање на бездни, со излевање на канализација или други катастрофи.
 
Една од најлошите бездни настанати од човечка активност, настанала во 1994 година во округот Полк во Централна Флорида. Прво, да наведеме неколку факти: 30 проценти од светските резерви на фосфати потекнуваат од Флорида и често завршуваат како состојка на ѓубрива. Таа фосфатна индустрија која цвета, приозведува тони среден радиоактивен отпад познат како фосфогипс. Рударските компании на Флорида го редат фосфогипсот на масивни полици кои можат да прекријат стотици хектари и тежат милиони тони. Друг начин за отстранување на фосфогипсот вклучува негово рециклирање за употреба во изградба на вештачки гребени. Околу тој метод сеуште се дебатира, бидејќи не се знае дали материјалот е премногу радиоактивен за повторно користење. Речиси милијарда тони фосфогипс се трупаат во Централна Флорида. Целата таа тежина која го притиска мекото избраздено со бездни земјиште на Флорида, може да доведе до катастрофи.
 
Тоа се случи во 1994 година, кога една од тие наслаги се сруши на 46 метри длабока бездна. Милиони тони фосфогипс паднаа во бездната и ги загади државните резерви на вода. Чистењето чинеше милиони и го покрена прашањето за проблемот околу бездните и потребата за наоѓање на корист од милиони нуспроизводи на државната индустрија 
за фосфати.
 
Ѓубривото уште еднаш претставуваше проблем. Во Березинки, во Русија, џиновска бездна се појави во 1986 година, кога беше потопен рудник за калиум. Денес бездната е длабока 200 метри, долга 80 и широка 40 метри, и расте. Бездната се заканува на регионалната масовна индустрија на калиум, а тој е многу важен елемент за многу ѓубрива.
 
Други проблеми предизвикани од бездните
 
Бездните не се секогаш смртна опасност. Понекогаш, во зависност од големината, само непријатност. Нивната ненадејна или лажно голема појава е она што ги прави опасни, како за човечката безбедност, така и за зградите и инфраструктурата. Градежните проекти често мора да излегуваат на крај со спектарот на различни бездни предизвикани од напукнати цевки или невнимателно бушење.
 
Овие геолошки шуплини можат да бидат прескапи за пополнување, а тие голтаат куќи, автомобили и отровни се поради способноста да контаминираат подземни води со впивање на остатоци од смет или канализации.
 
Поплавите се закануваат како посебен проблем кога се во прашање бездните. Веќе зборевме за тоа како поплавите придонесуваат за настанок на бездни, но бездните исто така можат да придонесат за поплави на региони на неколку начини. Ако излезот кој ја спојува бездната со канал или резерви на вода, како подземен тек, се исполни со ѓубре или рушевини, водата мора некаде да истече. Басенот или бездната тогаш се полни со вода и се поплавува. Поплавување на бездни може да се случи и кога водата едноставно побрзо влегува во бездната, отколку што може да истече низ каналите или други премини. Последна фаза на попалви се случува кога преобилна река ќе се поврзе со бездна по пат на подземни канали и текови. Водата која тече низ бездната, нормално се влева во реката, меѓутоа бидејќи реката веќе е поплавена, доаѓа до пренасочување на текот и вишокот на водата се враќа во бездната, полнејќи ја со вода и заканувајќи се да ги поплави околните региони.
 
Бездните можат да се појават ненадејно и со страшни последици. Тие се нешто што секој градски проектант или инжинер мора да ги има предвид. Значаен, трагичен случај од ваков тип се случи во главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Во рана зора на 23 февруари во 2007 година, 101 метар длабока бездна се појави ненадејно, усмртувајќи тројца луѓе и проголтувајќи куќи во тесното градско подрачје. Земјата се тресеше и грозен мирис се ширеше од распуканите канализациски цевки за кои се верува дека се главна причина за несреќата. Иако катастрофата се случи ненадејно, жителите на населбата пријавија тресење на земјата месец дена пред да се случи несреќата. Власта планирала да употреби робори со камера за да го истражат теренот, но не реагираше на време.
 
Откривање на бездни и занимавање со нив
 
Понекогаш не ни треба државен службеник за да утврдиме дека бездните се создаваат во нашите региони. Всушност, многу е очигледно кога ќе здогледаме дупка во земјата. Меѓутоа, некогаш е тешко да се открие бездна, на пример уште потешко ако е прекриена со тенок слој на јаловина која наскоро ќе се сруши во празнината под неа. Оштетувања на имотите, посебно околу темелите, може да биде суптилен знак дека нешто не е во ред. Исто така, вегетацијата неочекувано венее, бездната можеби ги прекинала подводните текови кои обично ги хранат растенијата. Други знаци кои можете да ги најдете вклучувајќи ја загадената или калливата изворска вода, е појава на нови езера, дрвја или знаци покрај патот кои стојат накривено.
 
Некои луѓе ги користат бездните како импровизирани контејнери, додека всушност било што што ќе се фрли во нив може да заврши во локалните водени резерви. Во многу региони, ваквата пракса, не само што е штетна за околината, туку е и со закон забранета.
 
Ако куќата ви е оштетена поради бездна, можеби е покриене со осигурување. Бездните инаку треба да се заградат или на некој начин да се одбележат. Дистриктот за управување со водите на Југозападна Флорида, препорачува нивно полнење со песок, иако многу сопственици на домови се обраќаат на професионалци. Ако лежат на јавно земјиште, градските функционери мора да бидат контактирани. Серозна бездна најдена на јавно или приватно земјиште можеби мора да биде поправена со бетон или со багери и опрема за спречување на незгодна ерозија.
 
САД не можат да си дозволат игнорирање на бездните. Многу старите канализациски системи ги загрижуваат експертите до таа мерка што некои веруваат дека Гватемала е сценарио можно во САД. Нивните грижи, без сомневање, се темелат на фактот дека инфраструктурата ширум земјата е занемарена. Цевките, мостовите и слични конструкции се направени да траат 50 и повеќе години, кои веќе го надминале својот рок на траење.
 
Необични и вџашувачки бездни
 
Веројатно ниту една бездна не е толку единствена како депресијата во Катар. Масивната бездна повеќе личи на голем басен, кој се пружа ширум голема бразда во Египет. Се смета за најголема природна бездна на Земјата. Депресијата е само 133 метри длабока, но исто така 120 километри широка и 80 километри долга.
 
Тешкиот околен терен ја направи оваа депресија многу важна одбранбена граница на британската војска во Втората светска војна, а денес се смета за туристичка атракција. Правени се разни планови за искористување на депресијата Катар за производство на енергија. Една од можностите е да се наполни со вода и да се искористи ниската надморска височина на басенот и испарувањето на водата како дел од хидро-соларен проект.
 
Венецуела е позната по Сарисарини бездните, совршени кружни басени широки 305 метри и барем толку длабоки. Овие бездни се единствени сметајќи дека се наоѓаат на врвовите на високи платоа во подрачјето на тепуите. Тепуите се неверојатно изолирани региони пребогати со бујни шуми и водопади. Бездните Сарисарини се октриени во 1974 година, на врвот на зарамнетите тапуи планини и опишани се како изгубени светови. Овие бездни се вистинска ризница за научниците кои се фасцинирани од единствените растителни и животински видови, кои можат да се најдат единствено во овие бездни. Бездните и тепуите исто така привлекуваа многу истражувачи поради гласините за наводни златни грутки кои се наоѓаат на нивните врвови.
 
Бездната Бумах во Централноисточниот дел на Оман привлекува туристи со својата проѕирна, сино-зелена боја. Еден од центрите за подземни активности во светот е Мртвото море, солена водена маса заглавена меѓу Израел и Јордан. Мртвото море е најниска точка на планетата (417 метри под нивото на морето) и е многу важна туристичка атракција и историски локалитет. Нивото на водата во Мртво море со години опаѓа поради рудниците и свртувањето на текот на реката Јордан, која го храни морето, поради наводнување и пиење. Новите откриени делови на Мртво море станаа богати со бездни. Базените со свежа вода кои испаруваат ги кршат наслагите од сол, создавајќи дупки и дестабилизирајќи го тлото, што доведува до создавање на бездни. 
 
Национална географија
14.12.2013 - 22:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега