Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ - то и пликото кои што им било дадено
При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото кои што им било дадено.
„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи ти ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа