Фатени насилниците кои претепаа ученик во автобус на ЈСП

МВР успеа да расчисти уште еден од инцидентите кои неодамна се случија во автобус на ЈСП. Се работи за инцидентот во автобус на ЈСП со број 50 каде на булеварот Крсте Мисирков на автобуската станица Бит-Пазар, 18-годишниот Х.С. од Скопје бил претепан од група ученици кои се качиле во автобусот откако им завршиле часовите.

Групата насилници почнала да вика во автобусот, насилно да се однесува, а во еден момент го нападнале момчето удирајќи го со тупаници, а потоа излегле од автобусот и со синџир скршиле едно стакло.

Насилството го извршиле 16-годишниот Р.Р. и едно засега непознато лице, кои ќе си заработат соодветна кривична пријава.

14.12.2013 - 12:42
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега