(ВИДЕО) Кузеска: Нема пазар со правдата и судските случаи

 

„Јавноста многу добро знае, имало случаи кога сме преговарале со ДПМНЕ, на пример за законот за ЈО и за други закони каде што требале да направат некаков компромис, секогаш, буквално секогаш тие отворале судски случаи кои што сакале да се дискутираат. Ние тоа немаме прифатено и нема да прифатиме ниту во иднина. Затоа и не успеавме да се договориме со ДПМНЕ во 2020 година, затоа што доаѓаа на преговорите со судски предмети но ние не прифаќаме“, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали лицата кои се обратиле кај Пендаровски за амнестија на Груевски, се обратиле и во СДСМ, таа одговори:
„Нема пазар за било каква амнестија, ниту пак со било кого пазар околу правдата и судските случаи“.

17.09.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа