Уште еден мајмун патува во вселената

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека по втор пат испратиле мајмун во вселената.

На неговата интернет-станица  се наведува дека мајмунот полетал со ракета со течно гориво. Експериметот, чиј датум не е прецизиран, е дел од програмата за пилотирани вселенски летови.

Иран често објавува за технолошки достигнувања, кои не можат да бидат потврдени од независни извори.

Техеран првпат објави дека испратил мајмун во вселената во јануари годинава.

14.12.2013 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа