Овации за Симон Трпчевски во Лондон - концертот го посвети на својата ќеркичка

Легендарниот македонски пијанист Симон Трпчески синоќа повторно ја наполни Барбикан салата. Трпчевски и Лондонскиот симфониски оркестар под диригентство на Мајкл Тилсон Томас, го изведоа Првиот концерт за пијано и оркестар од Прокофјев, по што нашиот пијанист пред воодушевената публика возврати се врати на бис со соло од Чајковски.

- Минав прекрасни мигови работејќи со Симон. Сум работел со многумина  виртуозни пијанисти. Прв од тие што ги придружував беш Артур Рубинштајн, потоа имав можност да соработувам и со други легендарни пијанисти како Хоровиц и Вајзенберг. Затоа сум сосема свесен што е вистински квалитет на надмоќно виртуозно свирење пијано. Од првиот момент тоа е токму она што го слушнав од Симон. Прекрасно, изјави Тилсон Томас за МРТ.

Трпчевски го посвети овој концерт на својата ќеркичка Лора која тој ден го прославувала својот 4 роденден. Таа се качи на сцената да му го честита успехот на татка си со букет рози.

- Мислам дека годинашниот настап со Лондонскиот симфониски оркестар и не можеше да помине на поубав начин. Сметам дека во една убава димензија ги спои професионалното и приватното. Концертот се случи токму на роденденот на мојата ќерка и многу ми е мило што нејзината прва посета на градот во кој се започна во однос на мојата меѓународна кариера се случи токму на овој начин кога, едноставно, се споија коцките. Ми беше чест и што имав прилика да настапам со едно такво име како што е Мајкл Тилсон Томас, кој е и долгогодишен пријател на Лондонскиот симфониски оркестар и е легендарно име во светот на класичната музика, а освен тоа, на свој начин, е и иноватор, изјави Трпчески за МРТ.

Ова е само уште еден доказ дека Трпчевски е миленик на лондонската публика.

14.12.2013 - 10:51
Фото: 
нм.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега