Шест години од смртта на Дивна Карлеуша: Јелена со емотивна објава за својата мајка

 

Новинарката и радио-водителка Дивна Карлеуша почина на 3-ти март 2019-та година.

Три години се бореше со рак на белите дробови пред да почине на 61-годишна возраст.

Нејзината ќерка Јелена Карлеуша денес објави емотивен статус на својот профил на Фејбук.

-Денес се навршуваат 6 години откако ја изгубив мајка ми. 6 години без да имам на кого да се пофалам, 6 години без некој да ме утеши, советува, заштити… Немам половина срце 6 години. 6 години се каам што не и кажував дека ја сакам повеќе, не ја гушкав повеќе… Силно гушнете ги вашите мајки и кажете им дека ги сакате најмногу на светот, напиша Јелена.

03.03.2025 - 21:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега