Отворен ден за граѓаните на Ѓорче Петров
Денеска вратите на општината Ѓорче Петров од 9 до 14 часот ќе бидат отворени за граѓаните. Целта е граѓаните да поставуваат прашања, да даваат предлози и да покренуваат иницијативи за решавање конкретни проблеми од локалната самоуправа со што ќе придонесат за подобрување и успешно реализирање на плановите и програмите за работа на Општината.
Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните да ја искористат можноста за непосредно учество во креирањето на работата на општинската администрација.
14.12.2013 - 10:20
Фото:
Региони.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа