ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден 1. септември без учебници за учениците

 

„Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците. Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици“. Овие пораки ги испраќаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку писмено соопштение до медиумите.

„Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес.

За што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година?

Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење.

Власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.

29.08.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега