И дечињата со посебни потреби во Македонија ќе ја почуствуваат магијата на новогодишните празници

Радост за дечињата со посебни потреби и децата од социјално ранливи категории. Од денеска во наредните 12 дена во рамки на новогодишен караван ќе бидат поделени повеќе од 1.500 пакетчиња во училишта и установи за деца без родители, деца со телесен инвалидитет, со оштетен вид и слух, деца со посебни потреби, како и деца од социјално ранливи семејства.

Дедо Мраз во украсен новогодишен камион денеска ќе тргне на своето патување низ Македонија, со цел да го усреќи секое дете на кое му е тоа најпотребно и да  му овозможи на најдобар начин да ја почуствува магијата на новогодишните празници. 

За време на караванот на Тинекс, ќе бидат посетени 28 институции како дневни центри, здруженија, училишта, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца кои имаат посебни потреби во Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Неготино, Кавадарци, Струга, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје. 

13.12.2013 - 15:26
Фото: 
кафепауза.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа