Центарот на Скопје под полициска опсада

 

Група од петнаесетина Албанци повторно се обиде да го оштети споменикот на Цар Душан на Мостот на цивилизациите во центарот на Скопје. Полицијата спречи еден од нив, кој имаше чекан во рацете да се доближи до споменикот. По најавите на социјалните мрежи дека по петочната молитва група Албанци ќе протестира во центарот на Скопје, полицијата превентивно цел ден беше распоредена во центарот на Градот и околу Министерството за надворешни работи.
Според неофицијалните информации кои ги пренесоа некои медиуми, најверојатно протестот кој се најавуваше за денеска, ќе се одржи следниот петок.

13.12.2013 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега