Милчин фатен во лага

Милчин ја излажа македонската јавност, тврдејќи дека во СОРОС (ФООМ) нема високи функционери на СДСМ, јавува Курир.

Извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество – Македонија (ФООМ) Владимир Милчин, на вчерашната надзорна расправа одговараше на прашања поставени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

На поставеното прашање, „која е смислата во Вашите раководни органи да има функционери на СДСМ, актуелни и поранешни“, Владимир Милчин одговори:

„Не знам на кои функционери на СДСМ мисли во управниот одбор, ако може да прецизира немам ништо против да одговорам. Нема функцинери на СДСМ во управниот одбор на ФООМ“ – одговори Милчин.

Сепак, на официјалниот веб-сајт на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, во делот на организациската поставеност на истата, се гледа дека еден од членовите на актуелнииот Управен Одбор на ФООМ, стои името на Маргарита Цаца Николовска. За потсетување, Маргарита Цаца Николовска е актуелен Претседател на Советот за политички систем во СДСМ.

Дополнително, на македонската јавност и е познато дека и сегашниот Извршен директор на ФООМ Владимир Милчин, е поранешен висок партиски функциоенр на СДСМ.

По ова се отвараат прашањата, дали Владимир Милчин воопшто знае кои се членови во Управниот Одбор на Фондацијата во која тој е извршен директор, дали  можеби заборавил дека токму тој во минатото бил поранешен висок функционер во СДСМ?

 

 

13.12.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега