Каков инвеститор донесе Владата - која е фирмата Marquardt

Вчера во Владата на Република Македонија беше потпишан договорот за нова странска инвестиција од областа на автомобилската индустрија. Германскиот гигант Marquardt GmbH реши да гради фабрика во новата индустриска зона во Велес, Каласлари и истата треба да кошта 35 милиони евра со над 500 вработувања.

Имено, Marquardt група е основана во 1925 година во германски град Rietheim – Weilheim. Овој регион е познат по неверојатната хај-тек индустрија со неколку компании со средна големина .

Фабриката во Rietheim - Weilheim е исто така центар на експертиза за истражување и развој за автомобилската индустрија и склопки, сензори и контроли. Со нејзините фабрики, Marquardt групата е активна во целиот свет и во сите важни пазари. Marquardt групата има канцеларии во 12 локации со повеќе од 6000 вработени во вкупно. Marquardt групата  е распространета во Германија, Гранција, САД, Мексико, Романија, Швајцарија, Тунис, Индија, Кина и други земји .Во 2012 година, годишениот  промет на оваа компанија изнесувал повеќе од 650 милиони евра.

Оваа компанија е водечки производител во областа на електронски кола, прекинувачи, контролни уреди, мехатронски уреди и електронски делови за врвни автомобилски брендови, како електронски клучеви, контролни табли на управувачи и централна конзола за врати и прозорци. Производите на  Marquardt се користат од страна на многу добро познати производители на автомобили како БМВ, Ауди, Пежо, Рено, Крајслер, Тојота, Кија и многу други, но и системи кои се користат во апаратите за домаќинство и други индустриски апликации.

 

 

13.12.2013 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа