Овој скопјанец зема 85.000 евра плата месечно

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски денеска истакна дека скопјани се на врвот на листите за остварени најголеми приходи и највисока плата  во текот на минатата година.

Според информациите на директорот, највисок приход во Управата за јавни приходи пријавил скопјанец во износ 242.186.497 денари, а највисоката бруто плата изнесувала 63.039.671 денари во секторот здравствени услуги.

- Секоја година околу 30.000 граѓани забораваат да поднесат Годишна даночна пријава, а годинава таа бројка е 60.000. Зголемениот број не е резултат на зголемен даночна недисциплина, туку на подобрените методологии, алатки што ги користи УЈП, рече Трајковски

Според остварените бруто приходи во Годишните даночни пријави во 2012 година, со над милион денари се 13.793 граѓани, меѓу 100.000 и милион денари се 165.174, од 10.001 до 100.000 денари се 38.166 даночни обврзници и до 10.000 денари се 17.098 обврзници. На листата на остварени највисоки годишни приходи меѓу првите десет, девет се од Скопје и еден од Тетово. Во делот на платата, меѓу првите 10, исто така, девет се од Скопје, а еден од Валандово. Карактеристично е што годинава првите десет највисоки плати не се во банкарскиот и телекомуникацискиот сектор. Првпат се јавуваат адвокатските услуги. Покрај во здравствените услуги, пријавените плати се во трговија и производство на фармацевтски производи и препарати, компјутерско програмирање, техничко советување и печатарски услуги.

Од имот и имотни права прв на листата е жител на Тетово со пријавени 46,9 милиони денари, а на  листата на приходи од авторски права и индустриска сопственост прв е скопјанец со 33,2 милиони денари. Од лото, обложување, казино и учество во наградни игри најмногу остварил жител на Свети Николе со 16,9 милиони денари. Пензионер од Скопје пријавил 35,7 милиони денари годишен приход надвор од пензијата.

За оние кои не поднеле Годишна даночна пријава е предвидена глоба од 500 до 1000 евра.

13.12.2013 - 14:00
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега