Пуштање во употреба на пречистителна станица за атмосферски води во „Усје“

Пречистителна станица за атмосферски води денеска ќе биде пуштена од страна на Цементарница Усје АД Скопје. 

Со тоа Цементарница Усје АД Скопје, целосно ќе ги исполни обврските од Оперативниот план за усогласување на А интегрираната еколошка дозвола, пред рокот, кој истекува во април.

На настанот се очекува да се појават вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.

Ваквиот ивестициски потфат вреди половина милион евра

13.12.2013 - 11:36
Фото: 
усје.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа