Хаос на скопските улици - 11 сообраќајки и осум повредени за едно деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие повторно се одвивал вистински хаос низ скопските улици. Во текот на вчерашниот ден се случиле 11 сообраќајни несреќи во кои за жал има осум повредени лица.
Првата сообраќајка се случила во 2 часот и 55 минути по полноќ на булевар „Словенија“ пред крстосницата со булевар „Македонско-косовска бригада“ и улица „Босна и Херцеговина“ кога „форд“ со охридски регистарски таблички, управуван од скопјанец изгубил контрола и удрил во две канделабри и бетонски ѕид од објект во изградба и се превртел неколку пати. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило кое со друго возило е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
Втората сообраќајка се случила во 15 часот и 10 минути на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и сервисна улица која го поврзува булеварот со станбена зграда наспроти ТЦ „Три бисери“. Учествувале три патнички моторни возила „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички управувано од граѓанин на Крива Паланка и патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил еден возач кој со друго возило е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде е задржан за натамошно лекување, а со полесни повреди се здобиле двајца возачи и тројца сопатници.
Инаку, сообраќајната полиција вршела контрола на брзината на движење на возилата при што се санкционирани 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив петмина се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, а преземени се и мерки за шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 11 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, 17 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница. Исто така, со помош на пајакот се отстранети и 57 возила.
За денеска се очекува тековно одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа