Одбележување на Денот на македонските студенти

Во Кинотеката на Македонија денеска ќе биде одбележан Денот на македонските студенти. Пред присутните свое обраќање ќе има заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири. 

- Овој ден е денот кога гласот на македонските студенти пред 75 години бил кренат, денот на изборите во Кралството Југославија. Тогаш кога студентите во Македонија го кренале својот глас за слободна Македонија. Денес по толку години ние го славиме овој ден, славиме за нив, но и за секој студент кој војува своја битка. Битка која го води до реализација на својот сон, својата визија за иднината во која сака самиот за живее, се вели во соопштението од СПУКМ.

Инаку, организатор на академијата е Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.

13.12.2013 - 09:54
Фото: 
Радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа