Попоски во Бугарија на средба со Вигенин

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска и утре ќе оствари работна посета на Република Бугарија каде ќе биде примен од неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин.

Според предвиденото, Попоски во Народното Собрание ќе се сретне со членовите на Групата за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија и ќе одржи предавање во Институтот на Министерството за надворешни работи во Софија.

Паралелно во Скопје денеска ќе бидат одржани консултации за ЕУ прашања меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија.

На консултациите ќе се разговара за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на Меморандумот за соработка во евро и евроатлантската интеграција меѓу владите на двете земји.

Ќе бидат презентирани и тековните активности во клучните области од пристапниот процес на Република Македонија, подготвеноста за почеток на пристапните преговори и важноста на бугарската поддршка во овој контекст, соопшти македонското МНР

12.12.2013 - 15:06
Фото: 
Денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега