Угриновски: Единствена Македонија ветува дека одговорност за нелегално прислушување на политичките противници мора да има

 

„Поминаа пет дена од скандалозните информации за постоењето на Нацрт-договор меѓу Македонската шпионска агенција (ОТА) и Грчката шпионска служба за користење на нелегален софтвер за прислушување наречен -Предатор. Единствена Македонија и народот со неверување слушнаат за постоење нелегален софтвер за прислушување што со други зборови значи директна потврда дека македонските шпионски служби се уште вршат нелегално прислушкување на политички противници во земјата“. Овие пораки ги испрати на денешната прес-конференција Драган Угриновски, член на ИК на Единствена Македонија.

„Но, уште пострашно е што македонската шпионска служба ОТА под превезот за размена на пријателски информации, всушност праќала тајни документи за македонски граѓани до Грчката шпионска служба. Ја користам приликата да повторам за случајот од 17 јуни годинава кога на членови на раководството на Единствена Македонија им беа изречени тригодишни забрани за влез откако пет часа бевме малтретирани со информативни разговори од цивилни агенти на грчките служби и што е најинтересно, практично ги знаеа сите детали околу патувањето на пошироката делегација на Единствена Македонија во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од т.н. преспански договор. Ова не смее да помине нерасчистено. За таа цел, Единствена Македонија бара, прво, одговорност за лицата кои договарле со грчката шпионска служба користење на нелегален софтвер - Предатор и второ, колку и какви документи за македонски државјани има пратено македонската шпионска служба ОТА до Грчките тајни служби“, изјави Угриновски.

„Но, наместо расчистување на овој скандал гледаме од власта заташкување на случајот. Единствена Македонија ветува дека одговорност за нелегално прислушување на политичките противници мора да има. И ќе има“, додаде Угриновски.

18.07.2023 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега