Тешко повредена 35-годишна жена во сообраќајка во гостиварско
Вчера во 15.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар - село Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(58) од гостиварско Неготино и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.С. (35) од гостиварско Дебреше.
Во несреќата, И.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Ургентен центар Гостивар, соопштија од полциијата.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
12.03.2025 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа