Украински извор за Би-би-си: Го нападнавме мостот со поморски дронови

 

 

Извор од украинската служба за безбедност изјави за Би-би-си дека синоќешниот напад на мостот на Крим бил „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“.

„Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме“, рекол изворот.

Кримскиот мост, клучната линија за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен утринава во „вонредна“ ситуација во која загинаа две лица, а едно дете беше повредено, соопштија руските власти, а украинските медиуми јавуваат за експлозии на мостот.

Сообраќајот беше прекинат по мостот што Русија го изгради за да ја поврзе нејзината територија со полуостровот Крим, кој Москва го зазеде во 2014 година, соопштија руските власти.

17.07.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега