Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име
Борис и Кери Џонсон објавија дека добиле син, третото заедничко дете и прво откако ја напушти премиерската функција на Велика Британија.
„Френк Алфред Одисеј Џонсон е роден на 5 јули“, се вели во објавата на Кери Џонсон на социјалните мрежи.
Новото бебе доаѓа по синот Вилфред и ќерката Роми, кои се родени за време на мандатот на Џонсон, пишува Би-Би-Си.
На инстаграм, Кери Џонсон рече дека семејството е „многу шармирано“.
Првото дете на Џонсонови, Вилфред, се роди на 29 април 2020 година, во првите месеци од кризата со Ковид-19, а нивната ќерка Роми се роди на 9 декември 2021 година.
Поранешниот премиер има четири возрасни деца со втората сопруга Марина Вилер и уште една ќерка од афера.
Тој немал деца со неговата прва сопруга Алегра Мостин-Овен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа