За шест месеци во Иран егзекутирани најмалку 354 луѓе

 

Во првите шест месеци од годината во Иран се обесени најмалку 354 луѓе, што е за 36 проценти повеќе во споредба со 2022 година, соопшти денеска иранската невладина организација „Хјуман рајтс“ (Human Rights) со седиште во Осло.

Невладините организации за човекови права редовно ги обвинуваат иранските власти дека ја користат смртната казна како алатка за задушување на протестите, што почнаа во септември по смртта на млада Иранка во притвор, откако беше уапсена од полицијата поради непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Според Иранска невладина организација 206 лица биле егзекутирани поради трговија со дрога, а меѓу погубените има и шест жени. Двајца мажи беа обесени на јавно место, а седум егзекуции беа директно поврзани со протестите.

Според неколку невладини организации за човекови права, Иран е на второ место по смртните казни, зад Кина.

Минатата година во Иран беа егзекутирани 582 лица.

03.07.2023 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега