Кои се стратешките цели и задачи на Путин за 2014?

 

Рускиот претседател Владимир Путин имаше обраќање во Долниот и Горниот дом. Обраќањето се смета за претставување стратешки цели и задачи за следната година.

Путин наведе дека меѓуетничките судири и тензии ги провицираат „не претставници на некои народи, туку луѓе лишени од каква било култура, кои не ја почитуваат ниту својата, ниту туѓата култура“. Меѓу оние кои провоцираат меѓуетнички конфликти, Путин ги наброја поединци кои доаѓаат од Кавказ, претставници на т.н. „етнички мафии“, корумпирани припадници на полицијата и судството како и руски националисти кои „користат секаква трагедија за да предизвикаат омраза“ и да предизвикаат погром.

– Мора заедно да се соочиме со тој предизвик, мора да го заштитиме меѓуетничкиот мир, а тоа значи единство на нашето општество, единство и целовитост на руската држава, нагласи Путин.

Како еден од проблемите со кои се соочува Русија, а кој провоцира меѓунационални конфликти, рускиот претседател ги апострофираше илегалните мигранти за кои вели дека ја уништуваат берзата на трудот, водат кон зголемување на криминалот и во таа област мора да се воведе ред.

Тоа е десетти пат Путин да се обраќа во Горниот и Долниот дом на парламентот, а оваа година тоа го прави на 20-годишнината од Уставот на Руската федерација. На обраќањето присуствуваат 1.100 луѓе, а покрај сите претставници од двата дома присуствува и целата Влада, гувернери, претставници на судови и верски заедници.

12.12.2013 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега