Палењето на Куранот во Шведска предизвикува гнев во муслиманскиот свет
Неколку земји со мнозинско муслиманско население го осудија палењето примерок од Куранот во Шведска на протест.
Салван Момика, за кој се вели дека е државјанин на Ирак, кој живее во Шведска, во средата запали копија од Куранот пред централната џамија во Стокхолм.
Земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак, Иран, Саудиска Арабија и Египет, силно го критикуваа палењето.
Турција, членка на НАТО со право на глас за тоа дали Шведска ќе добие членство, тоа го нарече одвратен чин, потсетуваат медиумите.
Турција, која исто така беше налутена од протестот за палење на Куранот претходно оваа година, рече дека е неприфатливо да се дозволи такви антиисламски акции да се случуваат под изговор на слободата на изразување.
Муслиманите го сметаат Куранот за свето божјо слово и сметаат дека секое намерно оштетување или покажување непочитување кон него е длабоко навредливо.
Палењето на Куранот се случи во средата додека муслиманите во светот го славеа првиот ден од Курбан-бајрам, еден од најважните празници во муслиманскиот календар.
Шведската полиција му даде дозвола на Момика за протестот во согласност со законите за слобода на говорот. Но, подоцна полицијата соопшти дека инцидентот се истражува за поттикнување омраза.
Протестот предизвика гнев и кај другите нации.
Случаите за палење копии од Куранот предизвикаа немири во Шведска во последните месеци.
Полицијата неодамна одби слични барања за протести, но судовите тогаш одлучија дека тие треба да бидат дозволени врз основа на слободата на изразување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа