Груевски ќе го разгледа новиот трговски во Аеродром

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска во 12:30 часот ќе присуствува на свеченото отворање на „CAPITOLMALL&RESIDENCE“ во скопската општина Аеродром.

Трговскиот центар „Капитол мол и резиденс“ кој се простира на површина од 33.500 метри квадратни е инвестиција на домашната компанија Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од банките во Македонија, а вредноста е 30 милиони евра. Ќе овозможи отворање на 500 работни места.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 6.000м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот се простира на 15.000 м2, на три нивоа под земја.

 

„Капитол мол“ има 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел, детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

12.12.2013 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа