Што ќе се случува денеска на Скопскиот саем?

На Скопскиот саем денеска традиционално ќе се одржи 11. конференција за финансии, деловни можности и економски развој - ФИНЕКСПО 2013. Покровител на конференцијата е Министерството за финансии.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од финансиските институции, банкарскиот и осигурителниот сектор и тие ќе дебатираат за актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија.

Според најавите, на ФИНЕКСПО ќе присуствува и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и претставници од Народната банка на Република Македонија, Управата за јавни приходи, Македонската банка за поддршка на развојот, Македонската берза, Агенцијата за супервизија, од Здружението на банкарство и од стопанските комори.

12.12.2013 - 08:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега