Стојковски: Бугарија направи се што можеше за да ги истисне Македонците

 

На страна од перцепцијата на граѓаните, економските односи се добри со сите соседи, вели за Детектор, Андреа Стојковски Директор на Преспа Институтот. Тој објаснува дека она што граѓаните го добиваат како перцепција за односите меѓу земјите е тоа што им го сервираат центрите за комуникација од двете страни
„Ако можеше Бугарија нешто да направи за да ги истисне Македонците или сите граѓани на државата да не гледаат благонаклоно на државата тогаш тоа беше да го отпочне процесот на блокада на пристапувањето кон ЕУ. И тоа е веројатно основата за ваквото чувство. Зошто расте? Затоа што како поминува времето процесот продолжува, гневот и фрустрацијата кај граѓаните продолжуваат да растат и понатаму“ – вели Стојковски за Детектор.
Тој додава дека гневот кон Бугарија не е само поради блокадата туку и поради севкупниот однос кој што го развиваме.

11.06.2023 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега