НДИ: Ако утре има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има речиси двојно повеќе гласови од СДСМ
Доколку утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има речиси двојно повеќе гласови од СДСМ. Овие резултати ги покажува најновата теренска анкета на НДИ, спроведена од периодот 13-24 април, 2023 година на 1.003 испитаници.
Доколку утре се одржат парламентарни избори 21,5 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 13.9% гласот би го дале за владејачката СДСМ.
За политичката партија БЕСА би гласале 3,6%, за ДУИ поддршката ја дале 6,2% од испитаниците, а пак за АА би гласале 3.4% од испитаниците доколку утре се одржуваат парламентарни избори.
Најмала поддршка испитаниците покажале за партиите „Движењето на Максим Димитриевски“(1.7% од испитаниците), како и за политичката партија Левица (2.9%).
Висок е процентот на граѓаните кои не знаат за која партија би гласале доколку утре се одржат парламентарни изброри, дури 18.3%, а 16.7% од испитаниците кажале дека нема да гласаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа