Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без  електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

Без струја од 8 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути ќе останат корисниците од улиците „Есенинова“, „Жил Верн“, „Трпе Петровски“, „Јордан Филиповски“ и „Стојан Стојановски“ во општина Кисела Вода. Во периодот од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Народен Фронт“ бр. 33 и булевар „Партизански Одреди“ бр.37 во општина Центар. Без струја од 12 до 15 часот и 30 минути ќе бидат корисниците од улица „4 Јули“ од бр. 10 до бр. 30 во општина Ѓорче Петров. 

11.12.2013 - 14:34
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега