Подари топли празници - да им помогнеме на бездомните лица

Црвениот крст на Град Скопје и Скопје Сити Мол спроведуваат  голема хуманитарна акција „ПОДАРИ ТОПЛИ ПРАЗНИЦИ“ во која можат да се донираат топла облека и обувуки, наменети исклучиво за помош и подршка на бездомните лица на територијата на град Скопје.

Во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе биде поставен штанд на кој во периодот 10 до 21 часот секој ден, волонтерите на Црвениот крст ќе ги собираат и систематизираат донациите

Граѓаните ќе имаат можност со донација од најмалку 50 денари во касата на Црвениот ќе добијат новогодишна честитка со репродукција на слика од познатиот македонски уметник Масин, како знак на благодарност.

Лицата за кои е наменета донацијата се регистрирани бездомници на територијата на град Скопје, во пунктот за бездомници лоциран во Момин Поток кој е единствен во земјата.  Во декември 2010 беше отворено и прифатилиште (станбен контејнер) кој се отвора во услови кога се многу ниски температурите и во кој бездомниците се сместуваат веднаш на нивно барање или на повик на граѓаните и институциите.

11.12.2013 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега