Евросонг 2023: Австрија ќе го отвори натпреварот, a Велика Британија ќе го затвори

 

Откриен е распоредот за саботното финале на Евровизија откако второто полуфинале во четвртокот го комплетира составот.

Дваесет и шест изведувачи ќе настапат во Ливерпул пред очекуваната глобална публика од 160 милиони гледачи.

Австрија ќе го отвори шоуто со Teye & Salene Who The Hell is Edgar? – песна инспирирана од Едгар Алан По, поет од 19 век.

Британката Меј Малер ќе го затвори шоуто со I Wrote A Song.

12.05.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега