Стипендии за редовни студенти на јавните и приватните факултети
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2013/2014 година.
Се работи за три групи од кои првата опфаќа 1.500 стипендии во износ од 3.000 денари, за студенти од социјални категории. Втора група - 630 стипендии во износ од 4.000 денари (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех; 125 стипендии во износ од 5.500 денари (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
Трета група - 650 стипендии во износ од 3.000 денари (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат условите: да се редовни студенти; да не повторувале година во текот на студирањето; да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и студентите од втората студиска година да не се постари од 22 години.
Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, објавен на интернет страницата на Министерството http://mon.gov.mk и во печатените медиуми, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталотhttp://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од денеска до 22 овој месец, а потоа сите потребни документи наведени во конкурсот да ги достават до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 23 декември до 16 јануари, секој работен ден од 9 до 16 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа