“Новогодишните бои на Скопје“ - вредни награди за најубаво украсените објекти

И оваа година традиционално градот Скопје во рамките на Новогодишните и Божиќните свечености ја организира манифестација “Новогодишните бои на Скопје“. Со помош на оваа манифестација жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

 Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265,  од 9 до 16 часот, од 11 до 23 декември, а фотографиите од украсениот објект заедно со свои податоци да ги пратат на Интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

 

 Град Скопје  и година, традиционално избира:

 Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;

  1. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  2. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  3. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

 Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на  првонаградените од трите категории, фирмата ФАС-ВАС Васко ДООЕЛ ќе им додели ваучери во вредност од 2 000 денари, исто така на првонаградените од трите категории, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2013 година.

 Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија, на крајот на месец декември.

11.12.2013 - 10:47
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа