Српската манекенка која лажеше дека е силувана чисти јавни тоалети
Српската манекенка Мина Миленковиќ која пред неколку месеци измисли дека била киднапирана и силувана по казна ќе чисти јавни тоалети. Како што пренесува српскиот Курир, 21-годишната манекенка ќе мора да одработи 100 часа во "Градско зеленило", па така наскоро младата убавица ќе треба да земе метла во рака и да чисти јавни површини и тоалети.
За потсетување, по кратка расправија со момчето, Мина избега, а потоа лажеше дека ја киднапирале и силувале, додека таа уживала со момче.
Сега, убавата млада девојка ќе треба да си ја одработи казната.
11.12.2013 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа