Хуманитарен Божиќен концерт во Скопје

Во католичката катедрала во Скопје денеска ќе се одржи добротворниот традиционален концерт на инструментот орган во организација на Италијанската амбасада.

Специјална гостинка на концертот ќе биде италијанската органистка Ливија Мацанти, а на програмата се дела од Бах, Пеголези, Кагел и Виере.

Собраните средства од хуманитарниот концерт ќе бидат донирани за  Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

11.12.2013 - 09:42
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега