Грција почнува нов круг на преговори со „тројката“
Грчката Влада денеска почнува нов круг преговори со претставници на тројката меѓународни кредитори, кои се очекува да траат една недела.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави дека целта на Грција е до крајот на годината да ја добие траншата од една милијарда евра, за која земјата преговара со кредиторите.
Атина го очекува и одговорот на кредиторите во врска со прашањето за преструктуирање на грчката компанија за оружје, ЕАС.
- Грција нема да пристапи кон нови намалувања, изјави Стурнарас во интервју за американската телевизја Си-Ен-Би-Си, изразувајќи надеж дека кредиторите ќе ја деблокираат следната транша од заемите на земјата.
Стурнарас е оптимист и смета дека Грција следната година ќе забележи раст, ќе го покрие буџетскиот дефицит и ќе излезе на меѓународните пазари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа