Пратениците денеска со полни раце работа

 

И денеска многу работа ги очекува пратениците. Во Собранието седници ќе одржат собраниските комисии за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија, на Законот за ревизија, на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, на Законот за вршење на сметководствени работи, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за преземање акционерските друштва, на Законот за инвестициски фондови и на Законот за хартии од вредност, сите во второ читање. Комисијата ќе расправа и по Предлог измените на Законот за вршење услуги брз трансфер на пари и за изменување и дополнување на Царинскиот закон, двата во второ читање.

Комисија за политички систем ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, предлог законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор, сите во прво читање. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување во второ читање, додека пред Комисија за земјоделство се предлог законите за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животни и двата во прво читање,  за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна, за ловство, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, како и за консолидација на земјоделско земјиште, сите во второ читање. 

Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог измените на Водостопанската Основа на Република Македонија од 1968 за акумулацијата Бучин, како и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за животната средина во второ читање,  за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија,...

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог законот за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, двата во второ читање, додека Комисијата за одбрана ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи во второ читање.

11.12.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа