Земјотрес ја стресе Подгорица - луѓето на улица
Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриан во реонот на црногорскиот главен град Подгорица, јави Танјуг.
Потресот предизвикал вознемиреност кај граѓаните, од кои некои во паника ги напуштале своите домови. Засега нема инфромации за материјални штети, иако според Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, ваквите потреси би можеле да предизвикаат оштетувања.
Жариштето на земјотресот било на длабочина од 13 километри под површината на земјата. По овој потрес биле регистирани и серија послаби земјотреси
10.12.2013 - 21:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа