СДСМ: Шиповиќ да се брани од слобода - неосновано се држи во притвор

 

Опозициската СДСМ денеска обвини дека Мирослав Шиповиќ неосновано се држи во притвор. Според партијата се работи за политички прогон од страна на ВМРО-ДПМНЕ. 

- За нив не важат фактите и аргументите дека не постои ниту еден правен основ претседавачот на Советот на Општина Центар да е во притвор. Ниту може да го повтори делото, ниту да влијае на сведоците. Ниту пак има намера да избега од земјава, рече на денешната прес-конференција Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ. Напротив, додаде тој, Шиповиќ самоиницијативно се врати во Македонија, а дополнително раководството на СДСМ понуди сопствен имот како уште една гаранција дека неговата намерата е во фер судска постапка да ја докаже својата невиност.

Од партијата посочуваат дека се додека на претседавачот на Советот на Општина Центар не му биде дозволено да се брани од слобода, СДСМ нема да учествува во работата на собраниската комисија за имплементирање на заклучоците од Комисија за 24-ти декември и оти Власта нема да ја добие поддршката на опозицијата за ниту еден закон за кој е потребно двотретинско гласање во Собранието на Република Македонија.

10.12.2013 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега