Гробари со години краделе злато од мртовците - со парите оделе во кафеани

Гробари од Хрватска со години краделе злато од мртовци, а парите потоа ги трошеле за да седат по кафеани и да се забавуваат. Како што пренесуваат хрватските медиуми, 20 години гробари и носачи од погребалното претпријатие во Осиек, Хрватска, краделе злато и накит од покојните .

Според податоците, осомничени се 20 лица на возраст од 27 и 60 години, меѓу кои има и девојка. Тие краделе од покојните лица од 1993 година.

- „Не одевме во златарите заедно, туку поединечно, а парите ги делевме“, изјавиле дел од уапсените гробари.

Кражбите би се одвивале уште долги години ако полицијата не добила дојава од златар кај кого дошол еден од осомничените и тоа во работна униформа на која пишувало „Погреб“.

10.12.2013 - 11:01
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега