Комеморација во чест на Нелсон Мандела

Денеска ќе се оддржи комеморацијата во чест на починатиот поранешен јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела. На комеморацијата своето учество го најавија околу 100 илјади граѓани и 60 претседатели на држави и Влади.

Властите соопштија дека  капацитетот на стадионот „Сокер сити“ во Јоханесбург, кој изнесува околу 90 илјади места, нема да биде доволен за да ги прими сите кои сакаат да се простат од Мандела, како и дека поради големиот број гости од висок ранг, обезбедувањето на собирот ќе биде засилено.

Присуство на комеморацијата меѓу другите потврдија претседателот на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, поранешните претседатели Џорџ Буш, Бил Клинтон и Џимми Картер, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и неговиот претходник Кофи Анан, британскиот премиер Дејвид Камерон, претседателите на Франција и Германија, Оланд и Гаук, шпанскиот премиер Маријано Рахој и принцот Фелипе.

Погребот на Мадела ќе биде оддржан на 15 декември со сите државни почести. Пред погребот во неговото родно место Куну, телото на мандела три дека ќе биде изложено Преторија, во зфрадата на Владата.

Нелсон Мандела  почина минатиот четврток на  96-годишна возраст. 

10.12.2013 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега