Нова реформа на Владата: Регистрирајте фирма за нула денари
Владата на Република Македонија на последната седница, усвоила нова мерка со која ќе се подобри бизнис климата во земјава. Најновата одлука на Владата ќе донесе драстично намалување на цените за регистрирање на фирми.
Доколку едно лице сака да регистрира фирма во Македонија, а тоа сака да го стори по електронски пат, цената ќе биде нула денари. Доколку ја регистрира фирмата во хартиена форма, цената за регистрација останува 2.300 дденари плус останати трошоци.
Регистрацијата на фирма по електронски пат ќе ја прави овластен сметководител кој ќе мора се идентификува дека има лиценца . Лицето кое сака да ја регистрира фирмата ќе биде во директен контакт со сметководителот, а притоа нема да има никакви трошоци.
Оваа реформа на Владата наиде на поддршка од Комората на сметководители.