Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Киев

Полицијата и  демонстранти се судирја во текот на ноќта низ улиците на Киев, а водечката опозициска партија соопшти дека тешко вооружени безбедносни сили упаднале во нејзиното седиште и ги заплениле компјутерите.

Еден од опозициските лидери Олех Тјанибок изјави дека неколку демонстранти се повредени во судирите со полицијата, која ги уривала малите шатори со кои демонстрантите го блокирале пристапот до владините згради.Информации дали има повредени сеуште нема.

Протестите, кои траат веќе трета недела, почнаа откако претседателот Виктор Јанукович одлучи да не го потпише договорот за асоцијација со ЕУ.

Насилството на полицијата врз демонстрантите разгневи многумина и поттикна стотина илјади да излезат на улиците изминатите две недели надминувајќи ги протестите за време на „портокаловата револуција“ во 2004 година.

 Кетрин Ештон денеска би требало да пристигне во Киев во обид да помогне за намалување на тензиите

10.12.2013 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега