Маж си доби 30 години казна затвор поради сексуална експлоатација на посвоеното дете

Маж од Австралија  е осуден на 30 години затвор откако властите на САД утврдија дека тој и неговиот партнер им дозволиле на најмалку осум мажи да имаат секс за пари со нивното посвоено момче.

36- годишниот австралијанецот (во февруари годинава призна дека е виновен за сексуална експлоатација на дете и за поседување на детска порнографија.

Неговиот партнер, 42-годишниот Американец, кој живеел во Австралија, во јуни е осуден на максимална казна од 40 години затвор. И тој е прогласен за виновен за сексуална експлоатација на дете.

Двајцата  мажи заедно се од крајот на 90-тите години од минатиот век и почнале да бараат дете за посвојување. Тие со детето живееле во Калифорнија. За посвојување на момчето и платиле 8.000 долари на разведената мајка. Детето било на возраст од две до шест години кога од осум мажи било злоставувано. Тие беа уапсени минатата година во Лос Анџелес

10.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега