Наставничка силувала 16 годишен ученик

Наставничката Меган (34) од Њујорк е уапсена под сомнение за силување на малолетно момче на кое му предавала во Центарот за проблематични тинејџери.

Според обвинението наставничката во два наврати го силувала својот ученик, но иако Јавното обвинителство и одредил кауција од 15.000 долари за да се брани од слобода, градскиот судија одлучил да ја пушти на слобода без кауција.

Обвинетата наставничка не го дава својот исказ, но на 14-ти јануари ќе мора да сведочи пред судот, кога и ќе и се суди за сексуален злочин од трет степен.

Меган во моментов е суспендирана од својата работа.

09.12.2013 - 22:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега