Напнато во Киев: Специјалци го опколија центарот на градот

Припадници на укаринските безбедносни сили се распоредени во центарот на Киев, каде што се одржуваат протести, но засега само седат во автобуси на околу 150 метри од барикадите.

Моментно се блокирани и три метро станици во центарот на градот поради вршење истрага по добиените дојави за поставени бомби. 

Демонстрантите зад барикадите на Плоштадот на независноста, кои се поставени вчера околу клучните згради на државната администрација, ги збиле своите редови, а некои од нив имаат и палки во рацете.

- Безбедносните сили се подготвуваат да ги растераат демонстрантите од „Плоштадот на независноста“. Блокирани се сите метро станици во центарот, а на местото се испратени војници и специјалните полициски единици „Беркут“. Сепак ние ќе го штитиме плоштадот, изјави лидерот на парламентарната група на опозициската партија „Баткившчина“ Арсениј Јаценјук.

Лидерот на опозициската партија УДАР Виталиј Кличко побара од украинскиот министер за внатрешни работи Виталиј Захарченко да објасни со каква цел полицијата ги опколила демонстрантите на плоштадот.

- На Плоштадот на независноста стојат мирни луѓе кои дошле да ги бранат своите права. Нив не е потребно да ги штитите. Ако властите се подготвуваат да предизвикаат провокации, не им советувам тоа да го направат, нагласи Кличко.

Сообраќајот во центарот на градот е речиси парализиран, а демонстрантите ги зазедоа зградите на градоначалникот на Киев и на Домот на синдикатите, барајќи предвремени претседателски и парламентарни избори и оставка на Владата

09.12.2013 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега