Русија: Украинците упаднаа на нашата територија, напаѓаат, држат заложници, одекнуваат експлозии

 

 

Се појавија информации дека украинска разузнавачка група влегла во регионот Брјанск, веднаш над северната граница со Русија, како дел од, како што изгледа, ненадеен напад. Руската новинска агенција ТАСС јавува дека агенциите за спроведување на законот известуваат за судир со украински саботери и дека има мртви и ранети меѓу жителите на областа.

Руските медиуми јавуваат дека украинска група од 50-ина члена ги заробила жителите во селото Сушани со експлозии и пукотници. Новинската агенција РИА наведува дека заложници се држат и во селото Лиубечан. Во Сушани се кренати во воздух трафостаницата и бензинската пумпа, велат од База. Информацијата не е независно потврдена.

„Шест жители на регионот Брјанск би можеле да бидат заложници на украинските саботери, кои се инфилтрирале во две локални села од Черниговската област на Украина. Две села Љубечан и Сушани, кои се наоѓаат во областа Климовски, беа нападнати од диверзанти. Во тек е престрелка“, пренесе ТАСС.

Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, изјави дека украински диверзанти отвориле оган врз автомобил во движење во областа Климовски, при што убиле локален жител и раниле едно дете. „Округот Климовски беше нападнат од украинско беспилотно летало, а селото Ломаковка во општина Стародубски беше изложено на минофрлачко гранатирање од страна на украинската армија“, рече гувернерот.

02.03.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега