Руска ракета погоди станбена зграда во Запорожје, загинаа три лица
Три лица загинаа, а шест се ранети откако руска ракета погоди петкатна станбена зграда во Запорожје, соопшти украинската полиција.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неколку ката од зградата се уништени.
„Русија сака секој ден да го претвори во ден на ужас за нашиот народ, но злото нема да владее со нашата земја“, рече Зеленски.
„11 лица се спасени од урнатините“, пренесува АП.
02.03.2023 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа